ИСИС планира нови напади во Европа

0
302

Терористичката организација „Исламска држава“ планира големи терористички напади во Европа, смета полициската служба на ЕУ (Европол).

„Европа денес се соочува со најсериозната терористичка закана за последните 10 години“, се вели во соопштението објавено од Европол на сајтот на организацијата.

Според службата париските терористички акти на 13 ноември 2015 година сведочат за поместување во активностите на „ИД“ што се стекнуваат со меѓународни димензии и се насочени кон спроведување на напади во стилот на специјалните сили во меѓународната сфера.

Зголемениот број на меѓународни терористи создава нови предизвици за земјите членки на ЕУ – сметаат во Европол.

„Нови терористички акти можат да се случат во ЕУ во иднина, предупредува полициската служба. ЕУ има се поголема потреба од засилување на контрамерки против теророт, наводните терористички мрежи, а исто така од неопходност да го подобри своето стратегиско разбирање на заканите.“