ИСИС: Последна битка што ќе кулминира во Рим

0
609

ИСИС објави ново морбидно видео што ја опишува нивната апокалиптична визија за „идната битка“ што би кулминирала во Рим.

Новото видео што го објави Исламска држава ја покажува нивната замисла за последната битка против Западот, во која џихадистите напредуваат кон римскиот Колосеум и се борат со „крстоносците“ во италијанскиот главен град.

Вознемирувачките снимки, наречени „Средба во Дабик“, се фокусирани на замислената смртоносна битка за доминација во светот, а се гледа како се прегрнуваат пред одењето во самоубиствени мисии.

Видеото е снимено во Ирак и го покажува маршот на милитантите на ИСИС и отворањето оган кон цели на Западот, на пример, единици на специјалните сили.

Без коментари

LEAVE A REPLY