ИСИС се закани со смрт на новинарка на албанска телевизија

0
181

Новинарка на албанската телевизија  NEWS 24 добила закани по телефон од страна на џихадистичката организација Исламска држава дека таа ќе биде убиена поради нејзините информации.

Албанските медиуми јавија дека новинарката Аурора Коромани, прво, заканата ја добила во понеделникот преку СМС порака, а потоа  во доцните ноќни часови од истиот телефонски број имала неколку ѕвонења .

Кормани и раководството на оваа тиранска телевизија  ја известила полицијата, а за заканите биле информирани, во понеделниот попладне, и највисоките албански раководители.

Коромани од синоќа е под заштита на  полицијата соопштија албанските медиуми.