ИСИС се заканува со бомбардирање на цивили од дрон!

0
820

Припадниците на Исламска држава планираат да користат дронови како на Европа би фрлиле „застрашувачка прашлива бомба“ предупредува британскиот премиер Дејвид Камерон.

Како што јавуваат светските медиуми, лидерите на најмоќните држави стравуваат дека џихадистите би можеле да се вооружат со беспилотни летала кои би ги користеле да најголемите евроспки градови ги „запрашат“ со радиоактивен материјал кој може да усмрти илјадници луѓе.

Светските лидери во Вашингтон на нуклеарниот самит разгледуваат за тоа како да спречат нуклеарен тероризам, кој го сметаат за најлош ноќен кошмар за цел свет.

Премиерот на Велика Британија Камерон рекол дека постои реален страв од нуклеарен напад на џихадистите.

„На ваквите самити се наоѓаме откако се случат лоши работи. Овој пат отидовме чекор понапред, сакаме да спречиме такво сценарио“, рекол Камерон.

Се верува дека ИД дошла во посед на осиромашен ураниум при завземањето на Мосул и локалниот универзитет кој се занимавал со експерименти со опасни материјали.

Од друга страна, во Европа владее паника бидејќи џихадистите наводно се обиделе да се инфилтираат во две нуклеарни електрани во Белгија, иако првично се веруваше дека сакале да извршат терористички напади.