ИСИС со ултиматум до христијаните

0
301

Џихадистите од Исламската држава издале 11 правила за христијаните кои живеат во сирискиот град Ал Каријатаин, кој е под контрола на терористичката група. Правилата се дел од договорот и треба да ја гарантираат безбедноста на заробените христијани.

Набљудувачите од сирискиот огранок на Организација за заштита на човековите права, наведуваат дека џихадистите им поставиле ултиматум на христијаните кои живеат во овој гра, на југоисток од покраината Хомс.

Тие можат да бираат дали ќе преминат во ислам, да потпишат договор и да плаќаат данок за немуслиманите или да го напуштат градот.

Безбедносниот договор кој го состави лидерот на џихадистите Абу Бакр ал Багдади се состои од 11 конкретни барања коишто мораат да ги почитуваат сите христијани кои одлучиле да останат во градот.

Ним им се забранува да основаат црква, истакнување на христијански симболи, рушење на Исламската држава, поседување на оружје и трговија со свињи и вино.

Џихадистите објавиле серија фотографии коишто покажуваат дека десетици христијани избрале да потпишат договор и да плаќаат данок, а исламистите набрзо ги добиле и парите кои ги барале, објавува Раша тудеј.

Џихадистите ветиле дека ќе ги заштитат имотите на христијаните, кои не мора да преминат во ислам и ќе останат безбедни, навела групата. Оние, пак, кои нема да ги исполнат условите од договорот, ќе бидат третирани како борци против ИС.

Ал Каријатаин има околу 40.000 жители, вклучувајќи и сунитски муслимани и христијани. Градот е од стратешко значење за џихадистите бидејќи го поврзуваат градот Палмира со подрачјето Каламуна./крај/мф