Искршени стакла и отворени врати во Офицерски

0
2872

Искршени прозорци, ширум отворени врати, место за ноќни дружби. Ова е сликата на Офицерски. Околните жители денес ни се пожалија декастанува опасно место. Бидејќи вратата од страната на терасата е отворена, внатре може да влезе кој сака. А сликата внатре – посебна приказна. Расфрлани пластични шишиња, лименки, ѓубре насекаде. Нашата камера дури регистрираше и едно празно шишенце од метадон. Дека овде неодамна се снимале филмови и серии, сведочат оставените натписи. Оваа импозантна градба која датира од 1911 година, симболот на конзулска Битола, неколку пати досега го промена сопственикот. Објектот беше на АРМ, потоа го презеде Министерството за култура, извесен период беше под надлежност на општината, а оттаму велат дека сега е под надлежност на Владата.oficerski

Овој објект во минатото често се користеше за разни манифестациии, тука се одржуваше фестивалот „Серенада“, а е честа локација за одржување на настани во рамките на Битолското културно лето Бифест. Имаше иницијатива и на „Интерфест“ да им се даде на користење концертната сала во овој објект. Летото имаше акција за расчистување на сметот од Офицерски, а се одржува хортикултурното зеленило околу објектот.