Искршено информативното пано во чаршијата

0
209
Со цел на туристите да им се појаснат културните и историските вредности на Битола, на повеќе локации во Битола беа поставени вакви информативни паноа. Но, конкретно паното на кое имаше податоци за Старата битолска чаршија, а кое се наоѓа кај чешмата, пред Малиот битолски монмартр, на некој му засметало и го искршил. Од Заводот и Музеј велат дека овие паноа се поставени пред повеќе години преку соработка меѓу Општина Битола, Заводот Музеј и Француската амбасада. Оттогаш неколку биле оштетени, па ги санирале, односно биле сменети. Од Општина Битола велат дека е испратена екипа на терен за да се утврди каква е состојбата за конкретно искршеното информативно пано во чаршијата, па потоа ќе се одлучи што ќе се преземе.
Останува отворено прашањето: зошто некој би скршил нешто што е урбана опрема, но и нешто кое говори за историјата на Битола?
SKRSENA TABLA 001