Искршил врати и трчал по авионот

0
2008

На 11.07.2016 година во 04,30 часот на ГП „Аеродром Александар Велики“- Скопје, на излез од РМ за Виена се пријавил да патува лице (1984) од Франција. По извршената проверка и контрола истиот се упатил на излезот 201 каде чекал да ги повикаат патниците кои ќе патуваат за Виена, но истиот чекајќи заспал на столиците и го пропуштил летот. Откако се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал на висок тон да вика во излезот и во еден момент почнал да трча и удира по вратите од излезот бр.201 каде насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени, но кога видел дека авионот е приклучен на возило “пуш- бек“ почнал насилно да тегне по вратата каде го напукнал стаклото од вратата, а потоа се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите. Од страна на возачот на возило “пуш – бек“ во „ТАВ“ во моментот на поставување на воздухопловот на позиција за полетување забележал лице како трча по воздухопловот и вика со неразбирлив јазик на висок тон, по што истиот излегол од возилото и го спречил лицето да се упати кон воздухопловот, по што го известил Секторот за безбедност .Од страна на обезбедувањето истиот бил фатен и предаден на ПО Петровец за понатамошна постапка.