Исламистите егзекутирале 56 војници на аеродром во Сирија

0
297

Исламистичките милитанти егзекутирале 56 војници на војската на владата на Сирија на заземениот аеродром Абу-ад-Духур во северозападната покраина Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) која известува и дека владините воздухопловни сили извеле во петокот 25 напади во градот Палмира кој е во рацете на џихадистичката организација Исламска држава.
„Добивме потврда, благодарејќи на очевидци и добиени фотографии, дека е извршена егзекуција“, вели во изјавата директорот на SOHR, Рами Абдулрахман чие седиште е во Лондон а се потпира на сознанија од широка мрежа активисти на теренот, болнички и воени и извори од бунтовничките структури. Според Абдулрахман, масакрот се случил пред неколку дена.

Претходно беше објавено дека на 9-ти септември сириските вооружени сили ја загубиле контролата над воениот аеродром Абу-ад-Духур. Армискиот гарнизон кој ја штитеше базата во изминатите две години, по засилените напади на екстремистите ги напушти своите позиции, префрлувајќи се во областите во кои мнозинство се заедниците коишто го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Исто така, SOHR извести во саботата дека сириската армија претходниот ден извела најмалку 25 воздушни удари врз позициите на Исламската држава во Палмира, при што се убиени најмалку 26 лица. Палмира во мај годинава беше заземена од џихадстите по повлекувањето на сириската армија, и од тогаш го уништуваат овој град светски познат по древните остатоци./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY