Исламистите го погубија Томислав Салопек?

0
261

Хрватскиот државјанин, Томислав Салопек, кој беше киднапиран од страна на џихадистите на Илсмска држава е погубен, пишува порталот Њусдеј 24-7, повикувајќи се на извори на џихадистичката организација. Њусдеј 24-7 пишува дека 30-годишниот Хрват е веќе егзекутиран и дека наводно веќе постојат фотографии од неговото обезглавување, но нивната автентичност се уште не е потврдена. Повеќе детали не се соопштуваат.

Веднаш по објавувањето на оваа вест, Хрватското министерство за надворешни работи апелира да не се пишуваат неофицијални информации поврзани со киднапирањето на Салопек. Сите проверени и официјални податоци, наведува хрватското МНР, се наоѓаат на страницата на министерството.