Исламистите им приоѓаат на бегалците во прифатните центри, балканската рута е преопасна

0
767

Шефот на германската разузнавачка служба БфВ Ханс-Георг Масен повика на спроведување на систематските пропишани процедури во постапувањето при секојдневното доаѓање на илјадници бегалци во Германија, велејќи дека екстремистите може да ги користат повремено хаотичните ситуации.

„Можно е да има терористи меѓу бегалците, но тоа го сметаме за помалку веројатно“, вели Масен во интервју денеска објавено од неколку локални весници.

„За безбедносните служби е важно да се имаат систематски пропишани процедури при влегувањето во Германија и спроведувањето на постапките поврзани со барањето азил“, вели тој.

Додека германската полиција во моментов врши проверки на пасошите на граничните премини и во пограничните области, се верува дека илјадници бегалци доаѓаат во земјата без никакви проверки. Масен вели дека бегалската рута од Сирија и Ирак кон Турција, Грција и на север преку балканските земји е крајно опасна. „Би било ризично и нетипично луѓето што имаат борбена мисија да доаѓаат од Турција до грчките острови во чамец на смртта.“

Без коментари

LEAVE A REPLY