Исламистите на Косово, во Албанија и Македонија се порадикални од тие во БиХ

0
837

Според проценките на експертите, во последните 15-тина години во регионот на Балканот е создадена мрежа од ќелии на радикални исламистички групи спремни да тргнат во борба против Западот, а најмногу ги има на Косово, во Албанија, Македонија и БиХ, пишува хрватски Јутарњи лист.

Повикувајќи се на неименувани соговорници блиски до безбедносните служби, весникот пиѓува дека „муслиманите на Косово, во Албанија и Македонија“ се далеку порадикални од оние во Босна и Херцеговина.

Проблемот е, според нив, во тамошните исламски заедници кои се поделени и испреплеткани со радикални елементи.

Ситуацијата во Македонија се оценува како слична на таа на Косово и во Албанија, особено во западна Македонија каде главно живеат радикални исламисти АЛбанви кои соработуваат со истомисленици во Албанија и се во судир со секуларните Албанци националисти и македонската држава, пишува Јутарњи.

Во Босна и Херцеговина исламската заедница е прилично единствена во осудата на радикалните исламисти и се обидува да ја смири ситуацијата, тврдат соговорниците на хрватскиот весник, и додаваат дека, според достапните информации, бројот на радикални муслимани расте.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY