Исламистите нападнаа затвор на Филипини и ослободија соборци

0
352

Исламистички борци со амблеми на џихадистичката организација Исламска држава извеле напад врз затвор на југот од Филипини ослободувајќи осум свои припадници и уште дваесет затвореници, објави локалната полиција во неделата.

Нападот рз затворот Марави го извеле во саботата педесетина тешко вооружени борци на групата Мауте, едно од бројните исламистички движења на островот Минданао, истакнал Агустине Телло,началник на локалната полиција, пренесува AFP.

Осумте борци кои биле ослободени, на 22-ри август биле уапсени од страна на војската на еден контролен пункт кога било откриено оружје и експлозиви во нивниот камион.

Дваесетина затвореници осудени за други кривични дела, го искористиле нападот за бегство.

Групата Мауте е осомничена дека е одговорна за смртоносниот напад од февруари годинава на изолиран воен камп во Бутиг на Минданао. Напаѓачите и тогаш ги носеле црните знамиња на Исламската држава.

Во нападот во саботата загинале 12 напаѓачи, кои исто така носеле знамиња на Исламската држава, како и пет војници./крај/мф/сн