Исламска држава е во дефанзива

0
394

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалицијата предводена од САД која се бори против Исламска држава во Сирија и Ирак ја принудила милитантната група на дефанзива, ја намалила нејзината територија и ги убила клучните лидери.

„ Варварската природа на организацијата го обединува светот и ја јакне одлучноста на коалицијата да ги искорени терористите“ , рече Обама во кусото обраќање по состанокот со советниците за национална безбедност во седиштетот на ЦИА.
Тој додаде дека САД и светот мораат да му помогнат на Ирак да ги стабилизира своите градови кои беа под контрола на ИД.