Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Орландо

0
492

Исламскадржава ја презеде одговорноста за нападот, јави Ројтерс повикувајќи се на информација на агенцијата Амак која е блиска до организацијата.
Според американските медиуми, Извршителот на нападот, идетификуван како Омар Матин, 29 годишен, државјанин на САД со авганистанско потекло, во текот на нападот се јавил во полиција, и во својот телефонски повик се заколнал на верност на екстремистичката организација „Исламска држава“.

Според ФБИ тој бил во 100-тина сомнителни кои биле набљудувани како симпатизери на ИСИС, но немало индиции дека планира и организира било каков напад.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот и го нарече терористички чин и ужасен масакар.
„САД ќе бити обединета во заштитата на Американците против оние кои и се закануваат на земјата.

Тој истакна дека ФБИ ја спроведува истрагата и дека се уште не се познати мотивите за нападот, додавајќи дека нема да се штедат напорите да се утврди дали убиецот бил поврзан со терористички групи.

Семејството на напаѓачот ги информирале истражителите дека Матин покажувал изразени анти-геј чувства.
Матин извршил напад во клубот во кој се наоѓале 300 луѓе, а по неколку часовната заложничка драма тој е застрелан од страна на специјалните безбедносни сили.
Во Орландо е прогласена вонредна состојба. Градоначалникот Бади Дајер рече дека ваквата состојба овозможува дополнителни ресурси по крвавиот напад.