Исламска држава продава Кинез и Норвежанец

0
242

Онлајн-списание на Исламска држава објави фотографии на двајца заложници, Норвежанец и Кинез, велејќи дека мажите се „за продажба“. Оваа екстремистичка група тврди дека тие биле „напуштени“ од нивните држави откако биле киднапирани.

Фотографиите на двајцата мажи во жолти затворски униформи вчера беа објавени во списанието на терористите Дабик.

Норвежанецот е идентификуван како Оле Јохан Гримсгаард-Офстад, 48, од Осло, а за Кинезот се вели дека е Фан Јингхуи, 50, независен консултант од Пекинг. Не се споменува ништо во врска со тоа каде и кога двајцата биле фатени.

Фотографиите се прикажани во форма на оглас, заедно со знак „за продажба“ и телеграмски број за „секој што би сакал да го плати откупот за нивно ослободување и трансфер“.

Покрај сликите има предупредување: „Ова е понуда со ограничено време“.

Без коментари

LEAVE A REPLY