Исламска држава во видео пак му се заканува на Њујорк

0
277

Исламска држава објави снимка во која најавува дека Њујорк е потенцијална мета на терористички напади, иако властите тврдат дека нема „специфични и веродостојни закани“.

На снимката се гледа бомбаш самоубиец како се подготвува за напад, ја прави бомбата, па се облекува, а потоа излегува на улиците на Њујорк. Во некои од кадрите ги има и најфреквентните делови од Њујорк, вклучувајќи го и Тајмс сквер.

Њујоршката полиција соопштила дека одделни парчиња од видеоснимката се стари, но потврдуваат дека Њујорк е и понатаму главна мета на терористите.

Се додава дека полицијата е внимателна, ќе продолжи да соработува со Федералното истражно биро (ФБИ) и разузнавачките служби, а ќе распореди и дополнителни антитерористички тимови.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио, кој синоќа со шефот на полицијата Вилијам Братон одржа заедничка конференција за медиумите на Тајмс сквер, кажа дека „жителите на Њујорк нема да бидат застрашувани“.

„Јасно ни е дека целта на терористите е да го заплашат и нарушат нашето демократско општество. Нема да ги исполниме нивните желби“, кажа Де Блазио.