Исламската држава ги повика своите следбеници на напади на Западот

0
519

Екстремната сунитска терористичка организација Исламска држава (IS) ги повика во саботата своите следбеници и приврзаници да почнат напади во САД и во Европа во текот на исламскиот свет месец Рамазан, кој започнува на почетокот од јуни.

„Рамазан е месец на освојувањата и џихадот (света војна –з.р.). Подгответе се, бидете спремни (…) за да го направите месец на несреќата за сите неверници“, се наведува во аудио пораката за која се претпоставува дека ја објавил портпаролот на Исламската држава, Абу Мухамед ал-Аднани.

Агенцијата Reuters истакнува дека во пораката се сугерираат напади врз воени и цивилни цели во западните земји.

„Нивните авиони не прават разлика меѓу цивилите и борците, мажите и жените“, се вели уште во пораката и се додава дека воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД не ја уништиле Исламската држава.

Воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на џихадистите во Ирак и во Сирија започнаа доцна есента во 201 година, откако претходно Исламската држава зазема големи територии во Сирија и во Ирак на коишто прогласи ткн „калифат“.

Агенцијата Reuters напомнува дека не може да се потврди автентичноста на пораката објавена на акаунтот на твитер преку кој вообичаено своите пораки ги објавува Исламската држава, /крај/мф/сн