Исламската држава ја презема одговорноста за нападот во Ница

0
357

Терористичка џихадистичка организација Исламска држава ја презема во саботата одговорноста за нападот од четвртокот во јужниот француски град Ница во кој беа убиени 84 луѓе.

„Лицето кое ја изведен операцијата во Ница, Франција, и ги покоси луѓето е еден од војниците на Исламската држава“, објави новинската агенција Amaq, блиска на екстремната сунитска организација Исламската држава, на својот акаунт на Telegram,

„Тој ја изведе операцијата како одговор на повиците за цел да се земат државјани на земјите кои учествуваат во коалицијата која се бори против Исламската држава“, се додава во соопштението.

Истовремено во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд во саботата утрото го свика својот кабинет за безбедност на седница на којашто се разгледуваат мерките за безбедност, додека истрагата настојува да ги утврди мотивите за нападот со камион во Ница во кој беа убиени 84 луѓе, а повеќе од 200 беа поведени.

Иако истрага сé уште не може да утврди дали напаѓачот имал контакти со радикалните исламисти, францускиот премиер Мануел Валс во петокот тврдеше дека „на овој или оној начин нападот е поврзан со верски екстремизам“.

Во меѓувреме, таткото на напаѓачот, по потекло од Тунис, инсистираше во изјава за агенцијата AFP дека неговиот син не бил религиозен. „Не се молеше, пиеше па дури и земаше дроги“, изјави таткото на 31-годишниот Мохамед Лауеиж Булел, кого полицијата го уби откако повеќе од два километра возеше низ толпата луѓе на главното градско шеталиште во Ница.

Француската полиција во саботата утрото уапси три лица во Ница во рамките на истрагата за нападот кој се случи во четвртокот вечерта на прославата на францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули. Француските власти и натаму се обидуваат дали напаѓачот дејствувал во соработка со помагачи и дали неговиот мотиви се поврзани со радикалниот ислам./крај/мф/сн