Исламската држава одговорна за нападите во Париз

0
451

Исламската Држава ја презема одговорноста за нападите во Париз. Во соопштението објавено на интернет е напишано „Осум наши припадници кои носеа самоубиствени бомбашки елеци ги извршија нападите во Париз“. Според организацијата, нападите биле одговор на навредите кон исламскиот пророк и воздушните напади на нивните територии.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека во нападите во Париз загинале 127 луѓе. Според Холанд, нападите биле извршени од екстремисти на Исламската држава. Нарекувајќи ги нападите „акт на војна“ во денешното телевизиско обраќање тој нагласи и дека нападите биле организирани од странство со помош внатре од Франција.

Серијата напади во главниот град на Франција се најлошите терористички напади со кои досега се соочила земјата.Полицијата соопшти дека 8 од напаѓачите загинале, од кои седум кога го детонирале самоубиствениот елек кој го носеле, а еден од нив бил застрелан од безбедносните сили. Се уште не е јасно колку точно напаѓачи биле инволвирани во инцидентите.