Исламските верници го слават Курбан-бајрам

0
261

Припадниците на исламската вероисповед денеска го слават првиот ден од нивниот најголем празник, Курбан-бајрам, кој уште се нарекува и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека.
Одбележувањето на празникот трае четири дена.
Курбан-бајрам доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазан-бајрам. Поради пресметките на времето по лунарниот календар, Курбан-бајрам не се слави секоја година во исто време.
Според шеријатските прописи хаџот е еден од петте исламски темели. Меѓу нив ги има и оние кои изминале долг пат.