Исмаил Лумановски гостин на најновиот албум на Наташа Атлас

0
623

Светски познатата пејачка Наташа Атлас препознатлива по нејзиниот успех во обединувањето на западната и источната музика, особено од нејзиното комбинирање на најсовремениот електронски звук со арапски мелодии и инструменти, е овогодинешниот најатрактивен учесник на Фестивалот на музика од светот, на кој како организатор и оваа година се потпишува центарот за култура.

Дел од програмата на фестивалот е и промоцијата на новиот албум на групата Љубојна – Шербет Љубојна издаден од ЦК Битола. Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, истакна дека оваа година фестивалот има најатрактивна програма,

Атлас, по концертите во Париз, Женева, Минхен, настапува во Битола.

Досега соработувала со ѕвезди како Питер Габриел, Шинед О’Конор, Жан Мишел Жар и многу други.

Во Битола ќе го промовира најновиот албум чиј продуцент е прославениот музичар Ибрахим Малуф.

Партнери на овогодинешното издание на фестивалот на музика од светот се францускиот институт од Скопје и француската алијанса од Битола.

На сцената со Наташа ќе бидат Сами Бишаи, Ациона Мик, Енди Хамил, Хајден Пауел и Џастин Вудворд.

Без коментари

LEAVE A REPLY