Исправена е историската неправда кон адвокатурата

0
854

Присуство на адвокатите и задолжителен адвокатски печат во постапки кои се од суштинско значење за граѓаните, за идентични трошоци кои се предвидуваат и кои се наплатуваат само за нотарска услуга, ова го предвидува новиот предлог закон за нотаријат. Со новиот Закон за нотаријат се укинува нотарскиот акт кој им беше наметнат на граѓаните како задолжителен за повеќе правни состојби.

notarjat

-Задолжително е учество на адвокат на пример во оставинската постапка. Секое лице кое ќе учествува во оставинската постапка задолжително е учество на адвокат во својство на полномошник на учесниците во постапката.Тоа значи дека секое лице кое ќе учествува во оставинската постапка треба да има полномошник адвокат. Тоа може да биде еден адвокат за сите учесници или за секој учесник поединечно во зависност од нивните правни интереси. Во однос пак на трошоците по однос на таа постапка од вкупните трошоци кои учесниците ќе ги платат согласно тарифата, половината ќе одат на сметката на адвокатот. Тоа би значело од вкупните трошоци кои што ќе ги сноси граѓанинот, во постапката добива поголема правна услуга со иста или нешто пониска цена од онаа која што постои во моментот, изјави Николче Главинче претседател на Адвокатската заедница во Битола

Освен оставинската постапка која нотарите ја извршуваат како повереници на судот , учеството на адвокатот е задолжително и при составувањето на приватни исправи со вредност над 10 илјади евра. Овај закон вели Главинче прави обид за елиминирање на надри- писарството

zakon

-При договорот за продажба и преддоговорот за продажба со вредност на предметот на продажба над 10.000 евра во денарска противвредност задолжително треба да го состави адвокат и задолжително да содржи адвокатски печат и потпис; платните налози освен сметките со помала вредност за комунални услуги , предлозите и жалбите при постапките за платните налози,задолжително ги составува адвокат и содржат адвокатски печат,додаде Главинче

Судската пракса покажала дека голем број од постапките кои биле водени кај нотар завршувале во судот како резултат на определени недостатоци во информирањето на граѓаните за нивните права и можност кој законот ги нудел.

-Секоја фела го штити својот предмет на работа. Нотарската комора иако делумно учествуваше со забелешки на останатиот дел од текстот, за овај закон даде свои аргументи кои се спротивни на Адвокатската комора. Меѓутоа тоа е легитимно право , бидејќи таа комора ги штити нотарските и своите интереси, и мислам дека законодавецот најде компромисно решение. Она што нотарската комора го истакна дека постои опасност од зголемување на трошоците кај граѓаните, но со овај закон како аргумент отпаѓа, бидејќи предвидено е во рамки на истите трошоци учество на адвокатот, а од самата награда која нотарот ја добива, адвокатот да се исплаќа. Тоа би значело дека лицето кое ќе се јави кај адвокат или нотар нема да биде оптеретено со дополнителни трошоци, додаде Главинче

Според Главинче крајниот ефект од новиот предлог закон за нотаријат би бил подигнување на правната култура кај граѓаните, правната сигурност а пред се квалитетот на правните услуги.