Кој ќе седи во жирито на 37-то Браќа Манаки

0
293
  • Членови на интернационалното жири кое ќе ги вреднува достигнувањата на кинематограферите на филмовите во Главната програма „КАМЕРА 300“, за годинешното изднаие на ИФФК.Браќа Манаки се- Федон Папамихаил, кинематографер и режисер – претседател на жири од САД, по потекло од Грција, кој како кинематографер потпишува 40 играни филмови.

Потпишал многу филмови кои критиката високо ги вреднуваше како Опуштени херои и Откачи ги ѕвездите, Хотел од милион долари.

27 Исчезнати бакнежи од режисерката номинирана за Оскар, Нана Џорџаџе му ја донесе наградата „Визија“ на Кодак за најдобра камера.

За неговото фантастично кадрирање на високо оценетиот од критиката Небраска на Александар Пејн (6 номинации за Оскар), Папамихаил добил номинација за Оскар, БАФТА и наградата на СДК, освојувајќи ја и наградата на БДК меѓу другите признанија.

Клер Пијман, кинаметограферка, режисерка – член на жири од Холандија, го смета Роби Милер за свој ментор и најважна инсприација, со оглед на тоа што од него многу научила за кинематографијата.

Покрај работата како кинематограферка, исто така ги режира и снима своите документарци. Отпечаток на месечината кој е краток документарец што Клер го направи на снимањето на Танчерка во мракот.

Исто така ги снимила играните Џермал, Добро утро Карачи и Чотеј Шах.

Алин Ташчијан е филмска критичарка и публицистка од Турција.

Ѓокан Тирјаки, кинематографер од Турција, претставник од Македонија е кинематограферот

Владимир Самоиловски.

Едни од неговите позначајни филмови во кои бил асистент снимател, се: Среќна Нова, Оловна бригада, Време води, а снимател бил во филмовите Хај Фај, Тетовирање, како самостоен кинематографер дебитира со целовечерниот игран филм Македонска сага во 1993, за кој на 14-от фестивал Браќа Манаки беше добитник на наградата за најдобар дебитант, како и Бронзената Камера 300 од Интернационалното жири. Досега како кинематографер има 17 наслови од кои една третина кратки и другите долгометражни играни филмови-Светло сиво, Анѓели на отпад, Довидување на 20-тиот век, Радост на животот, Вета, Илузија, Мајки, Татко и најновиот Џган.