Истече рокот за пријавување на огласот за нов републички јавен обвинител

0
183

Вчера истече рокот за пријавување на огласот за нов републички јавен обвинител. На огласот кој го распиша Собранието се пријавиле актуелни обвинители, адвокати, професори.

Точниот број на поднесени кандидатури ќе се дознае следната недела кога тие ќе се најдат пред советот на јавни обвинители, кој според законот треба да се произнесе позитивно или негативно за кандидатите во рок од 15 дена.

Потоа Владата ќе треба да избере еден од кандидатите за кои е дадено позитивно мислење и да го предложи до Собранието каде за да биде именуван новиот јавен обвинител ќе бидат потребни 61 глас.

Без коментари