Истекува рокот за увид во Избирачкиот список

0
233

На полноќ истекува рокот за јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори 2017, закажани за 15 октомври.

Увидот се врши во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и електронски на апликацијата поставена на веб страната на Комисијата (www.sec.mk).

Според прегледот на Државната изборна комисија до 6 септември увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава извршиле 20.081 граѓанин.

ДИК на прес-конференција на 5 септември објави дека дотогаш 148.538 граѓани ги провериле своите податоци електронски преку нивната веб страница.

Исто така, до овој датум само седум граѓани побарале бришење на податоците од Избирачкиот список, 14 побарале да бидат запишани во списокот, а 19 промена на податоците.

Преку електронската апликација на Избирачкиот список, покрај податоците за избирачкото место на кое гласаат, граѓаните ќе можат да ја проверат и пристапноста на своето избирачко место.

Без коментари