Историографијата се ослободува од политички предрасуди

0
605

Научната конференција „Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни“ која се одржува денес во Заводот и Музеј, е резултат на долготрајната соработка меѓу Бугарската академија на науките и Македонската академија на науките и уметностите, која последните години е крената на повисоко ниво, но и зголемен број научно-истражувачки проекти, 33. Дел од тие проекти се однесуваат на поблиската, но и подалечната историја.KONFERENCIJA

-За прв пат на ваков начин доаѓа до ваква расправа меѓу водечките историчари од двете страни за значајните настани што се случуваа на Балканскиот полуостров, рече академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ.VLADO

Беа презентирани по 6 реферати од секоја страна, а резултатите ќе бидат повеќекратни.

-Дојде време кога историографијата се ослободува од идеолошки или политички предрасуди и може да се разговара отворено без тоа да значи дека ќе се дојде до единствено гледиште, бидејќи науката се базира врз одредени разли   ки, теории, вели Камбовски.KONFERENCIJA 3

-Ние денес треба да оддадеме почит кон победата на сите силни херои кои пред 112 години го дадоа најскапото, го дадоа својот живот во борба против тиранијата што долго време ги мачеше двете земји. Синоќа си го мислев следното, дали ако нешто не дај Боже се случи, ќе се најдат такви луѓекои се готови да кажат, одам, па што сака нека биде. Со денешната средба во Битола сакаме да им покажеме на идните генерации дека тука имало смели луѓе, силни луѓе, луѓе кои сакаат да живеат достоинствено, рече академик Воденичаров.STEFAN

А иницијатор на оваа соработка е токму академик Воденичаров.

-Прво да кажам дека академик Камбовски е член на БАН, а јас сум член пак на МАНУ. Што значи дека и двата имаме ангажмани кон двете академии како членови. Тоа е многу убави, вели академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН.

Двајцата академици позитивно гледаат кон европската иднина на двете држави.

-Бугарското општество е дел од ЕУ, нашето општество треба да се приклучи на заедничкото европско семејство, кога тотално треба да бидат премавнати сите остатоци од минатото, вклучувајчи ги и физичките граници, вели академик Камбовски.

-Нашата голема желба е Македонија да стане член на ЕУ, границите да се тргнат, расчистат и да можат луѓето, компаниите, сите меѓусебно отворено да соработуваат и слободно да минуваат од другата страна. Луѓето треба да бидат среќни, ние сега се радуваме што се гордееме еден со друг и тоа да го им го оставиме на поколенијата, вели академик Воденичаров.

На конференцијата со свои научни трудови се претставија повеќе академици од двете земји, а учесниците на конференцијата утре ќе го посетат Крушево.