Историска средба на папата Франциск и рускиот патријарх Кирил

0
438

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциск се сретнаа на меѓународниот аеродром во кубанската престолнина Хавана. Ова е историски средба со оглед дека поглаварите на двете цркви никогаш не се состанале уште од расколот во 1054-та година. Двајцата црковни поглавари се поздравија и се бакнаа пред почетокот на состанокот нагласувајќи дека тој се случува во вистинско време и место и со помош на божјата волја.

Тие ќе потпишат и заедничка декларација за заштита на христијаните на Блискиот исток кои се изложени на жестоки прогони.

Без коментари

LEAVE A REPLY