Историска средба на претседателите на Кина и Тајван

0
2309

Претседателите на Кина и на Тајван, Си Ѓинпинг и Ма Јунг-јеоу ќе го одржат својот прв состанок во историјата во сабота во Сингапур. Разговорите ќе бидат фокусирани на односите на Кина и Тајван, кои се прилично затегнати.

Кина тврди дека има суверенитет над Тајван од 1949 година, кога националистичката влада побегна на островот, откако беше поразена од комунистите.

Односите се поправија кога претседателот Ма ја презеде власта во 2008 година, потсетува BBC.

Двајцата лидери немале официјални рагзовори, а по 2008 година имаше разговори на пониско ниво. Кина и Тајван потпишаа 23 договори за трговија, сообраќај и инвестиции. /крај/