Историски договор за конечно примирје во Колумбија

0
311

Колумбиската влада и герилците на левичарското движење FARC известија во средата дека го постигнале историскиот договор за конечно примирје кое отвора пат за скорешно потпишување мировен договор по повеќе од половина век граѓанска војна.
„Се договоривме за примирје, како и за билатерален и конечен прекин на непријателствата“, се истакнува во заедничкото соопштение коешто го објавија преговарачите од двете страни во кое не се наведува кога договорот ќе стапи на сила, пренесува агенцијата AFP.

Договорот со кој се утврдува начинот на завршувањето на судирот, спорна точка во мировните преговори, опфаќа „положување на оружјето, безбедносни гаранции (за бунтовниците) и борба со криминалните организации“, се наведува во текстот.

Кусо пред објавувањето на соопштението, преговарачот на FARC, Пастор Алапе изјави за AFP дека документот од договорот „речиси“ е завршен, додавајќи дека уште треба да се реши „само едно прашање“, сепак, без да наведи кое.

Поединостите од договор ќе бидат изнесени во четвртокот во присуство на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантосо, врховниот командант на FARC, Тимоелон Хименез наречен Тимошенко, кубанскиот претседател Раул Кастро, норвешкиот министер за надворешни работи Броге Бренде и претставници на земјите кои посредувале до преговорите, се додава во соопштението.

Се оценува дека овој договор без преседан претставува важно придвижување кон помирувањето меѓу колумбиската влада и марксистичкото милитантно движење FARC, најголемата бунтовничка група во оваа земја, по повеќе до 50години постојани судири.