Историскиот собор на православните цркви без рускиот патријарх

0
503

Големиот собор на православните цркви, прв по речиси илјада години, кој требаше да го потврди единството меѓу православните цркви во светот, започна во неделата на Крит, но неговото значење е намалено со недоаѓањето на поглаварите на некои цркви, во прв ред на рускиот патријарх Кирил.

 

Од 17-ти до 26-ти јуни на грчкиот остров Крит е планиран да се одржи Сеправославниот собор. Тој беше подготвуван од септември 1961 година, кога е одржана првата официјална средба на претставниците на сите православни патријарси по последниот Вселенски собор од 787 година.

Во неделата, кога Православната црква го прославува Духовден или Света Тројца, соборот започна со заедничка божествена литургија во Хераклион, најголемиот град на грчкиот остров Крит, којашто ја служеа десет поглавари, меѓу нив и цариградскиот патријарх Вартоломеј кој има почесно првенство меѓу православните епископи.

Станува збор за собор кој се подготвуваше повеќе од педесет годни и каков не е одржат од историскиот раскол меѓу Рим и Цариград во 1054 годна, и требаше да го сплоти православните цркви обремените со многу меѓусебни недоразбирања и непризнавања.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос присуствуваше на литургијата која директно ја пренесуваше грчката државна телевизија ERT.

На Крит требаше да пристигнат делегации од 24 епархии предводени од првенецот на секоја од 14-те помесни православни цркви. Меѓутоа, неколку седмици пред започнувањето на Соборот, Антиохиската (Сирија), Бугарската Грузиската црква го откажаа своето учество.

Главната причина за откажувањето е несогласувањето со прописите на Соборот и не сакањето на организаторите – Цариградскиот (Константинополскиот) патријарх, да ги сослуша желбите и молбите на одредени цркви.

Српската црква соопшти дека ќе присуствува на Соборот, но дека ќе го напушти, доколку не се разгледуваат проблемите на отсутните цркви.

Сепак, во извештаите се наведува дека „семејната“ фотографија од овој голем настан ќе биде „нецелосна“ поради изостанувањето од работат на соборот кој треба да заврши на 27-ми јуни во Канија, на четворицата поглавари на помесни православни цркви.

Освен патријархот Кирил, чијашто Руска православна црква брои речиси 130 милиони милион верници и е најголема во православниот свет, односни тоа е половината од вкупниот број православни верници во светот, на Крит не допатуваат и поглаварите на Антиохија, Бугарија и Грузија.

Тоа претставува тежок удар за организаторите на соборот, во прв ред за патријархот Вартоломеј, чиешто влијание Руската православна црква го оспорува со години. Своите недоаѓања, поглаварите главно го образложија, и тоа во последен час, со процедурални причини, иако го одобрија одржувањето на соборот.

Патријархот Кирил испрати порака со честитки до поглаварите и претставниците на помесните православни цркви кои допатуваа на Крит и повика на зачувувањето на единството како една од главните задачи и „непосредната заповед на Спасителот“ Според патријархот Московски и на цела Русија, не треба да збунува фактот што ставовите на сестринските Цркви за свикување на соборот беа поделени, туку сите православни цркви да обединети во православното семејство и заедно да ја понесат одговорноста за судбината на православието.

„Овој голем и свет соборот ќе испрати порака за единството (…) и ќе придонесе за излез од сегашните безлични животни ситуации“, порача Вартоломеј од Крит.

„Единството на православието е добро за сите нас. Губат оние коишто не дојдоа“, коментираше Никос Коцијас, грчкиот министер за надворешни работи кој како и грчката црква го подржуваат цариградскиот патријарх во продолжувањето на Цариградската грчка доминација.

Православната заедница има околу 250 милиони верници и обединува четиринаесет автокефални цркви, но се подјадени од националните и политички кавги поради меѓусебните непризнавања, а некои се во кризи поради доносите во поранешниот советски блок и прогонот на Блискиот исток./крај/мф/сн

www.makfax.com.mk