Истрага за говор на омраза против челниците на Facebook

0
310

Државното обвинителство во северниот град Хамбург покрена истрага против тројца менаџери на компанијата Facebook под сомневање дека е сторено дело „ширење расна и верска омраза“, беше објавено во вторникот.

На менаџерите на најголемата социјална мрежа во светот им се забележува дека нивната компанија, и покрај предупредувањата, не го отстранила пораките со омраза од страниците на Facebook.

„Facebook го поддржува ширењето на нелегалните содржини полни со омраза“, се наведува во пријавата против Facebook Germany, чие седиште е во Хамбург, којашто ја поднел Чан Јо Јун, адвокат од Вурцбург.

Овој адвокат, специјализиран за прав во областа на интернетот, досега на Facebook преку формуларите за пријавување му пријавил повеќе од 60 пораки кои со својата содржина ги исполнуваат условите за кривично дело „ширење расни и верска омраза“.

„Дајте му на обезбедувањето боева муниција за конечно да ги застрела овие лажни лезбејки“, гласи еден од коментарите против кои Чан протестирал кај Facebook. Меѓутоа, како што образложил во својата пријава, одговорните на социјалната мрежа не сториле ништо, со објаснување дека не станува збор за повреда на правилникот на Facebook.

Пријавата е поднесена против тројца менаџери чиишто седишта се во Ирска и во САД, кој во трговскиот регистар се наведени како директори на компанијата Facebook Germany.

Особено во екот на миграциската криза во Европа, количеството на коментари со ксенофобна и расистичка содржина на Facebook, според информациите на германските власти, остро се зголемила. Германскиот министер за правда Хеико Маас го повика Facebook да се „придржува до својата општествена одговорност“ во однос на ширењето на говорот на омраза на своите страници.

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, ветил, во текот на неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел кон крајот на септември во Њујорк, дека ќе се погрижи за засилената борба против ширењето на омраза на социјалната мрежа.

Во вторникот тиражниот германски таблоид Bild на своите страници објави низа коментари „симнати“ од Facebook, заедно со полните имиња и презимиња на авторите, кои според оцената го исполнуваат условот за кривично дела, и од државното обвинителство бара дејствија против авторите на тие коментари.

Критичарите истовремено акцијата на Bild ја оценија како лицемерна, бидејќи токму овој таблоид на почетокот од бегалската криза предничеше со сензационалистичките наслови за бегалската криза и наводната опасност за Германија./крај/мф/сн