Истрага за ИПА фондовите во Македонија

0
309

Отворена е истрага за искористувањето на средствата од ИПА фондовите во Македонија, потврдија за Радио Слободна Европа од ОЛАФ – Европската канцеларија која е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија. Од канцеларијата велат дека не можат да дадат дополнителен коментар, бидејќи истрагата е во тек. Во оваа фаза на истрагата, како што наведоа, не можат да кажат ни за колкава сума на пари се работи.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека се работи за неповратни средства кои се трошат за најразлични намени, а државата го утврдува начинот на кој ќе бидат потрошени парите и по кои правила. Најголем дел од тие средства, наведува Маричиќ се управуваат од Владата, а во нашиот случај од Министерството за финансии.