Истрага за сајбер нападите за време на изборите во САД

0
332

ЦИА донела заклучок дека Русија интервенирала во американските избори кои се одржаа минатиот месец со цел да му помогне на Доналд Трамп да победи на гласањето, објави Вашингтон пост. Во меѓувреме американскиот претседател Барак Обама упати наредба за спроведување на длабока истрага за сајбер нападите кои се случија за време на изборите, а резултатите да бидат готови пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Весникот, цитирајќи анонимни извори јави дека ЦИА тврди оти Трамп бил цел на Русија откако биле идентификувани лица поврзани со властите од земјата кои обезбедиле илјадници хакирани мејлови од Демократскиот национален комитет, шефот на претседателската кампања на Хилари Клинтон и други лица до Викиликс. Лицата биле дел од поширока руска операција со цел да се зголемат шансите на Трамп за победа на изборите.

http://www.slobodnaevropa.mk/