Истрага за сомнителниот меч ОФК Београд – Црвена ѕвезда

0
228

Комесарот за интегритет на натпреварувањето при Фудбаласкиот сојуз на Србија, Миливоје Марков, најави истрага на натпреварот ОФК Београд-Црвена ѕвезда одигран во неделата. Натпреварот од првото коло во српската Суперлига заврши со победа на Црвена ѕвезда од 6:2, иако ОФК Белград на полувреме стекна предност од 0:2. „Очекуваме реакција на УЕФА, а потоа ќе покренеме истрага. Искуството ми говори дека во вакви ситуации главните актери не сакаат да соработуваат со мене. Поради тоа мислам дека е време со овој проблем да се позанимаваат државните органи“ рекол Мирков. Тој исто така потврдил дека УЕФА го следела мечот поради големите уплати во обложувалниците и дека во наредниот период веројатно и Интерпол ќе се занимава со овој меч.

Без коментари

LEAVE A REPLY