Истражен ќе одлучува за притворот на осомничениот за убиството на Асани

0
190

Полицијата цела ноќ работела на расчистување на вчерашното убиство во Струга, во кое од возило во движење беше убиен, заменик директорот на УЈП, Аргетим Асани.

Осомничениот за убиството, 23 годишниот Абдулаи Купа, се очекува за неколку часа заедно со кривичната пријава да биде предаден на обвинителството и да биде изведен пред судија во претходна постапка, кој ќе одлучува за притвор на лицето.

Како што објавија дел од медиумите, мотив за убиството е крвна одмазда. Амбдулаи пукал во Асани, бидејќи го сметал за виновен за убиството на неговиот брат Уран Купа, поранешен телехранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој пред неколку месеци прво исчезна, а потоа беше пронаден мртов.

Ваквата верзија ја потврдил и таткото на осомничениот, Бајрам Купа, а со повеќе информации се очекува да излезе министерството за внатрешни работи, по комплетирањето на пријавата.