Истражителите од СЈО ги добиле бараните документи од Централниот регистар

0
325
Истражителите го напуштиле Централен регистар утринава околу четири часот. Успеале да ги соберат сите документи кој ги барале, нема уништени материјали дознава 24 Вести од извори во СЈО.
Уште ги чекаат материјалите од неколку подрачни едници на Централен регистар низ Македонија но и од дирекцијата добиле известување дека и тие ќе им бидат доставени во текот на денот. Засега не се открива за која предистражна постапка и за кој предмет се работи, сеуште се води во тајност.
Вчера истражителите на Катица Јанева со неколку полициски службеници ги обезбедуваат сите влезови на НБРМ со цел да не може никој да изнесе материјали од таму.

Без коментари

LEAVE A REPLY