Истрели и прегазени луѓе во напад на Менхетн

0
527

Едно лице е уапсено во полициска акција по престрелка и удар на возило во пешаци на Менхетн, јавуваат американските медиуми.

Според првичните извештаи, комбе на патека за велосипеди прегазило десетина луѓе. Во еден момент најверојатно е стрелано и од оружје, но засега не е јасно кој пукал.

Според онлајн изданието на „Њујорк Тајмс“, претставник на полицијата соопштил дека има неколку жртви. Според првичните информации загинале најмалку четири лица.