Истрели кон конзулатот на САД во Истанбул

0
625

Две непознати лица пукале кон американскиот конзулат во Истанбул. Во инцидентот никој не бил повреден, а двајцата напаѓачи успеале да избегаат откако полицијата почнала да стрела врз нив. До инцидентот дојде само по неколку часа откако во бомбашки напад врз една полициска станица во Истанбул биле ранети неколкумина полицајци и цивили. Никој досега не ја презеде одговорноста за овие напади.