Италија доби закон за цивилно партнерство на лица од ист пол

0
376

Долниот дом на италијанскиот парламент во средата вечерта го донесе историскиот закон за цивилно партнерство, со што Италија веќе не е последната западноевропска земја која не ги дозволуваше хомосексуалните заедници.
Законот е прифатен со 372 гласа „за“, наспроти 51 „против“ и 99 воздржани. „Денеска за многумина е ден за славење“, напиша премиерот Матео Ренци на Facebook. Во февруари предлог законот за истополово цивилно партнерство го одобри и горниот дом Сенатот.

Пред конечното гласање на владата на Ренци долниот дом ѝ изгласа доверба, а доколку тоа гласање не минеше тој требаше да отстапи од должност, што е малку веројатно имајќи предвид дека има уверливо мнозинство во парламентот.

Италија беше последната од големите земји од западна Европа којашто немаше закон за цивилно партнерство, на коешто се спротиставуваат конзервативните опозициски партии и влијателната Католичка црква.

По синоќешното гласање во парламентот, неколку стотици хомосексуални активисти славеа, додека неколку конзервативни политичари најавија дека од четврток ќе започнат кампања за собирање потписи за референдум против овој закон.

Надбискупот на Сицилија, Микеле Пенниси, изрази несогласување со носењето на законот во интервју за дневниот весник La Repubblica тврдејќи дека голем дел од земјата не го сака тој закон и дека неговото наметнување претставува своевиден „облик на ползечки фашизам“.

Челникот на тврдата конзервативна Северна лига, Матео Салвини, ги повика градоначалниците од својата партија да го бојкотираат законот, а кандидатот на десниот центар на локалните избори во Рим кои ќе се одржат на 5-ти јуни, Алфио Маркони, изјави дека ќе одбие да склопува хомосексуални цивилни партнерства.

Со законот за цивилно партнерство на лицата од ист пол, на тие заедници им се даваат слични прва како и на венчаните двојки во наследувањето, домувањето, пензијата, правото на посети во болници, морална и материјална реципрочна обврска за помагање на партнерот, дозвола за престој за партнер кој е странски државјанин, можност за земање на презимето на партнерот. Во законот, сепак, не е вградено правото на партнерот на посвојување на децата од истополовиот партнер, со што е разочарана геј заедницата во Италија./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY