Италија го обелодени Ф-35Б, првиот италијански авион со вертикално слетување

0
830

Италијанската фабрика за воено производство го прикажа првиот Ф-35Б кој е составен надвор од САД. Контроверзниот авион Локхид Мартин, што може да полета од кратка писта и да слета вертикално, веќе се соочува со пречекорување на трошоците и прашањата за ефикасност.

Авионот, со име код БЛ-1, беше прикажан во петокот во еден индустриски објект во северниот италијански град Камери, според соопштение за печатот на Локхид Мартин.

Ф-35Б, е варијанта на Ф35 способен за кратко полетување и вертикално слетување (STOVL – short take-off/vertical landing), и се очекува првпат да полета кон крајот на август. Авионот ќе и биде доставен на италијанската војска во ноември 2017 година, по серија „сигурносни летови“, ќе биде пренесен до воздухопловната база на американската морнарица во Мериленд кај реката Патаксент, за потребните сертификати и обука на екипажот во почетокот на 2018 година