Италија и натаму се тресе

0
291

Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтер ја потресе централна Италија, соопшти Гардијан, повикувајќи се на податоци на геофизичкиот институт на САД. Според информациите овојпат потресот бил на 10 километри длабочина а епицентарот бил на 51,5 километри југоисточно од Перуџа.

Минатата недела потрес со интензитет меѓу 6,1 и 6,6 степени по Рихтер го потресе истиот дел од земјата по трет пат во рамките на помалку од три месеци и уништи историски градови и села во Алпенините.

На 26 октомври, пак, два потреси од 5,4 и 5,6 степени според Рихтеровата скала беа почувствувани во централните делови на Апенините, во реоните на градовите Перуџа и Мачерата.

Без коментари

LEAVE A REPLY