Италија на референдум за своите офшор платформи

0
356

Повеќе од 50 милиони Италијанци во неделата од 7 до 23 часот ќе се изјаснуваат на референдумот, кој е проблематичен за левоцентристичката влада на премиерот Матео Ренци, за траењето на експлоатацијата на нафта и гас од крајбрежните наоѓалишта од кои некои се на помалку од два километра од италијанскиот брег.

Веќе со седмици трае расправаа меѓу заштитниците на природната околина, деловниот свет и владата, околу прашањето колку време нафтените компании може да црпат нафта и гас од морето, на крајбрежните платформи, на црпките сместени на помалку од 12 наутички милји, односно 22 километри, од италијанските плажи.

Доколку во недела победи опцијата „не“, тоа би им овозможило на нафтените компании, првенствено на италијанската енергетска компанија Eni, да ги користат наоѓалиштата до нивното целосно исцрпување, како што предвидува новиот закон кој стапи на сила во јануари годинава. Изјаснувањето со „да“, пак, би значело укинување на законот и враќање на ограничената експлоатација во траење предвидено со концесијата која истекува, зависно од локацијата, меѓу 2018 и 2034 година.

Многу коментатори оценија дека формулацијата на референдумското прашање коешто го наметнува изгласувањето на „да“ доколку гласачот те против, би можело да ги збуни многумина кои ќе искочат на избирачките места.

Премиерот Матео Ренци повика на апстиненција. Доколку не биде постигнат цензусот од 50 отсто од избирачите, референдумот ќе пропадне./крај/мф/сн