ИТАЛИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Ни се закануваат напади од џихадисти на Балканот

0
831

Опасноста од тероризмот не доаѓа само од Либија и Сирија, таа е тука блиску до нас- предупредуваат италијанските власти.

Безбедносните служби на Италија откриваат дека над 900 џихадисти има во терористичкиот фронт кој е отворен на истокот и се вика „Балканска бригада”.  Италија предупредува дека опасноста најмногу доаѓа од Албанија и Косово.

„Мрежите на албанските џихадисти, чии лидери се харизматичните имами, регрутираат поддржувачи од албанската дијаспора во Европа, вклучувајќи ја и Италија.“ – информира италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на извори во италијанските безбедносни служби и КФОР на Косово.

Според европските и американските разузнавачки служби, мрежите на овие џихадисти се „многу добро опремени, честопати тесно поврзани со моќниот домашен организиран криминал“.

Поради опасноста од терористички напад, италијанските власти и служби за безбедност, денеска дадоа знак за узбуна и ги засилија безбедносните мерки.

Без коментари

LEAVE A REPLY