Италија со гол во последната минута обезбеди осминафинале

0
437

Откако во првото коло од европскиот фудбалски шампионат во Франција италијанската селекција ја совлада фаворизираната репрезентација на Белгија, во второто коло од Групата Е „азурите“ во петокот во Тулуз ја совлада и Шведска, а победничкиот гол го постигна Едер во 88 минута.

Со оваа победа Италија практично си го осигури пласманот во осминафиналето, додека Шведска за тоа ќе мора да ја совлада Белгија во последното коло од фазата по групи.

Италија на крајот дојде до победата во 88 минута, кога Кјелини изведе аут, Заза со глава во фор му ја проследи топката на Едер кој мина низ тројца шведски фудбалери и со низок удар го погоди самиот лев агол.

Во вториот меч од оваа група, во сабота во 15 часот ќе играат Белгија и Ирска.