Италијанската „Кондоте“ ќе гради хидроелектрани во Македонија

0
529

Италијанската градежна компанија „Кондоте“ ќе инвестира во изградба на четири хидроелектрани во Македонија. Една постројка е веќе изградена на Ештеричка река во Пробиштип и треба да стартува годинава, а другите три на Зрновска река и Кадина река се во фаза на изградба. Инвестицијата на „Кондоте“ е во износ од 19 милиони евра. Компанијата пројавила интерес за изградба на патниот правец Скопје -Блаце и за клучните енергетски капацитети „Чебрен“ и „Галиште“ за кои државата со години бара инвеститор.

Без коментари

LEAVE A REPLY