Италијанската крајбрежна стража спаси околу 900 мигранти

0
326

Италијанската крајбрежна стража спаси околу 900 мигранти, главно Сиријци, од два пловни објекти крај бреговите на Сицилија вчера, соопшти нејзин портпарол. Постојат знаци дека бегалците од Блискиот Исток се повеќе го одбегнуваат грчкиот пат кон Европа, пренесе Ројтерс.

На одборот на бродовите имало и Ирачани.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН изјави дека овој случај претставува најголем обид за масовна миграција од Сирија и Ирак кон Италија од најмалку година.

Портпаролот на италијанската крајбрежна стража рече дека од одборот на едниот брод се спасени 515 лица, а од одборот на другиот – 380. Засега не е јасен точниот број на националностите на луѓето.