Италијанските медиуми го објавија списокот на патниците на паднатиот авион кај Кожле

0
611

Петмина мажи и една жена патувале од Тревизо, преку Скопје до Приштина во авион „пајпер” кој 4 минути пред слетувањето на скопскиот аеродром паднал на два километри од селото Кожле, општина Петровец.

Според италијанскиот весник Ла република со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо. Во авионот се наоѓале и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти и косовецот со италијански пасош Висар Бегај. Весникот објавува дека шестиот патник е Ангело Калегари, а косовските медиуми јавија дека кај Кожле загинал и братот на Висар Бегај, Ф. Бегај.
Браќата Бегај имале намера да отворат аероклуб на Косово

www.mkd.mk