Италијанците со препораки за претпазливост за Западен Балкан

0
228

Италијанското Министерство за надворешни работи, после последните терористички напади во Франција, Тунис и Кувајт го вклучи „алармот” и објави мерки за сите Италијанци кои сакаат да патуваат. На мапата со податоците од италијанското министертство, а објавена на интернет порталот Кориере, Западен Балкан е означен со жолта боја, а со жолта боја е означена и Македонија, што значи препораката е „Да се патува внимателно” поради можни терористички напади.

MAJA_ITALIJANCI_002.jpg

На интерактивната мапа државите се поделени во неколку категории според препораките: Зелената боја означува „Без посебен ризик”, „Да се патува внимателно” – жолта боја, „Да не се патува доколку не е неопходно” – портокалова боја и „Не се препорачува” – земјите каде не се препорачува воопшто патување се означени со црвена боја.

MAJA_ITALIJANCI_003.jpg

Официјален Рим соопштил дека ги вклучил пристаништата Анкона и Бари на листата на евентуални цели на терористички напади.

Тие затоа ги повикале локалните власти на максимална претпазливост, со прецизирање дека италијанските пристаништа се потенцијални точки за влез на терористи од Албанија, Косово и Црна Гора, односно јазлите на рутата по која новорегрутираните терористи патуваат кон воените жаришта во Сирија и Ирак.