Итен министерски состанок на ЕУ за мигрантската криза

0
262

Министрите за внатрешни работи на Европската унија на 14 септември во Брисел ќе одржат итен состанок за кризата со мигрантите, соопшти претседавачот на Унијата Луксембург. Во соопштението се наведува дека оваа состојба надвор и во границите на Европската унија неодамна примила невидени размери. Претходно министрите за внатрешни работи на Германија, Франција и Британија побараа подобро регулирање на состојбата со бегалците кои пристигнуваат на југот на Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY